Почитувани колеги,

Вториот конгрес на респираторна медицина на Република Северна Македонија ќе се одржи од 18 до 20 јуни 2020 година во Хотелскиот комплекс Метропол – Охрид. Конгресот е во организација на Здружението на пулмолози на Република Македонија.

Овој конгрес е најголем собир на специјалисти и субспецијалисти пулмолози и алерголози од Република Северна Македонија, со активно учество на специјалисти oд различни специјалности по торакална хирургија, пневмофтизиологија, инфективни болести, медицина на трудот, педијатрија, како и колеги од други специјалности од земјата и од странство.

Главни теми на конгресот ќе бидат: астма, ХОББ, белодробните карциноми, болестите на плеврата, инфективните болести на белите дробови, алергиските болести на дишните органи, професионалните болести на белите дробови и други болести кои имаат белодробна афекција.

Во тек на Конгресот преку пленарни предавања, сесии, симпозиуми и постерпрезентации, ќе се обработат научните и клиничките аспекти на повеќетореспираторни заболувања кои се од интерес на стручната јавност и за кои се надеваме дека ќе ве заинтересираат. За таа цел, освен домашни експерти, задоволство ни е да го споменеме и учеството на еминентни предавачи од регионот и пошироко.

Како претседател на Организациониот одбор, чест ми е да ве поканам да земете активно учество на Конгресот на респираторна медицина на Република Македонија.

Проф. д-р Бисерка Јовковска Ќаева

 

ГЛАВНИ ТЕМИ:
АСТМА
ХРОНИЧНА ОПСТРУКТИВНА БЕЛОДРОБНА БОЛЕСТ (ХОББ)
БЕЛОДРОБНИ КАРЦИНОМИ
ИНФЕКТИВНИ ЗАБОЛУВАЊА НА БЕЛИТЕ ДРОБОВИ
ОПСТРУКИВНА НОЌНА АПНЕА И НИВ
ПЛЕВРАЛНИ И МЕДИЈАСТИНАЛНИ БОЛЕСТИ
ИНТЕРСТИЦИЕЛНИ БЕЛОДРОБНИ ЗАБОЛУВАЊА И ПУЛМОНАЛНИ ВАСКУЛАРНИ ЗАБОЛУВАЊА
ПУЛМОНАЛНА РЕХАБИЛИТАЦИЈА И ОЦЕНКА НА РАБОТНА СПОСОБНОСТ НА БОЛНИ СО ХОББ
ЦИСТИЧНА ФИБРОЗА
ТУБЕРКУЛОЗА
РАЗНО