Вие можете да ја контролорате астмата

мај 5, 2015

По повод Светскиот ден на астмата, 05.05.2015, Здружението на Пулмолози на РМ заедно со Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија, Македонското педијатриско здружение, УК за пулмологија и алергологија и УК за детски болести во City Hall Skopje организираше рекреативна и стручно-научна активност под слоганот: “Вие можете да ја контролорате астмата”

Рекреативен дел

Трка на кејот на реката Вардар, пред City Hall (учествуваат пациенти болни од астма – деца и возрасни, како и сите поддржувачи на иницијативата)

Стручен дел

Отварање на настанот, проф. д-р. Бисерка Јовковска Ќаева и доц. д-р. Аспасија Софијанова

“Што е ново во Астмологијата?“, проф. д-р. Ангелко Ѓорчев

“Астма и спорт“, проф. д-р. Горица Брешковска

“Имунотерапија кај пациенти со алергиски ринитис и астма“, проф. д-р. Дејан Докиќ

“Квалитетот на живот како маркер за клиничката стабилност кај децата со астма“ асс. М-р. д-р. Валентина Цвејоска Чолаковска