ДЕН НА АСТМА 2024 година
мај 28, 2024

По повод одбележувањето на Светскиот ден на астмата, ЗПРМ организираше Научен собир: „Новините во лекувањето на хроничните белодробни заболувања“.
Состанокот се одржа на 9 мај 2024 година во главната предавална на Медицинскиот факултет, Универзитетот „Св Кирил и Методиј“ – Скопје. Претседателот на ЗПРМ, д-р Зоран Арсовски, ги додели наградите од Здужението на пулмолози на РМ на колегите за нивниот непроценлив придонес во активностите на ЗПРМ и нашиот успех како друштво.
Поканети предавачи:
Доц. Д-р Ванетина Цвејовска Чолакоска: „Индивидуален третман и едукација – клучни фактори за контрола на астмата кај децата“
Проф. Д-р Дејан Докиќ: „Фенотипови на астма“
М-р сци Д-р Зоран Арсовски: „Улогата на биолошката терапија во ремисија на тешка астма“